Линкови за пристапност

САД денес им оддаваат почит на ветераните


Секоја година, почнувајќи од 1938-та година, 11-ти ноември се слави како национален празник

САД денес го слават Денот на ветераните, оддавајќи им почит на сите кои служеле во Армијата. Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија ќе присутвуваат на празничната парада во Њујорк, каде ќе положат и цвеќе.

Потпретседателот на САД Мајк Пенс, пак, ќе присутвува на церемонија на Националните гробишта во Арлингтон, Вирџинија.

Во чест на повеќе од 19 милиони ветерани во САД, многу ресторани денес нудат бесплатни оброци за оние што и` служеле на државата, како и за членови на нивните семејства.

Денот на ветераните во САД првично беше нарекуван Денот на примирјето, означувајќи го крајот на Првата светска војна, но, во 1926-та година Конгресот донесе резолуција за сеќавање на ветераните.

Секоја година, почнувајќи од 1938-та година, 11-ти ноември се слави како национален празник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG