Линкови за пристапност

Бездомни ветерани – загрижувачка појава во САД


Бездомни ветерани – загрижувачка појава во САД
Бездомни ветерани – загрижувачка појава во САД

Неколку јавни и приватни организации работат заедно да им помогнат на воените ветерани кои станале бездомници. Само во Њујорк ги има околу 2.000! Неколку јавни и приватни организации работат заедно да им помогнат на воените ветерани кои станале бездомници. Само во Њујорк ги има околу 2.000! На времето во првите борбени редови, сега без покрив на главата.

Хуманитарната организација - Спасувачката мисија на Њујорк нуди помош на кус рок. Финансиран од донации од граѓаните, нејзиниот објект од 100 легла секоја ноќ е исполнет до последното место. Повеќето кои доаѓаат се постари лица, самци, со тешко минато. Некои од нив учествувале во војната во Виетнам, некои во Ирак и Авганистан.

Меѓу нив и Валтер Хернандез, кој 24 служел во американската армија:

„Тешко е да си бездомник. Секој ден мака мачиш да обезбедиш оброк, место за спиење. Се` поголем број стануваат бездомници“, вели Хернандез.

Хернандез живее и се храни во Спасувачката мисија додека бара постојан дом.

Приватната групација Џерико обезбедува постојано живеалиште за бездомниците во Њујорк. Во оваа зграда има 56 станови за воените ветерани-бездомници. Ветеранот од Ирачката војна Лари Фаулер говори со благодарност:

„Важно е да имаш свое катче, независно дали бараш работа, одиш на училиште, имаш семејство и пријатели...“

Метју Јуџин е член на Градскиот совет на Њујорк:

„Неприфатливо е луѓе кои војувале за слободата и за нашиот начин на живеење да имаат проблеми да најдат место за живеење кога ќе се вратат дома, да се прехранат, да добијат лекарска нега“.

Активистите за заштита на бездомниците велат дека воените ветерани се соочуваат со уникатни и долготрајни ризици и дека има итна потреба заедницата да им помогне.

XS
SM
MD
LG