Линкови за пристапност

Верските храмови исполнети: Православните христијани го слават Велигден

Велигден во македонските православни храмови
Велигден во македонските православни храмови

Со биењето на камбаните на полноќ и со препознатливиот поздрав „Христос воскресна, навистина воскресна“ во православните храмови низ државата беше означено Христовото воскресение, Велигден

Со биењето на камбаните на полноќ и со препознатливиот поздрав „Христос воскресна, навистина воскресна“ во православните храмови низ државата беше означено Христовото воскресение, Велигден. Традиционално, поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, богослужбата ја одржа во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Голем број верници присуствуваа на богослужбата во Скопје, а полни беа православните храмови и низ другите градови во државата. Голем е бројот на верници што најголемиот христијански празник го дочекаа во Охрид, кои таму допатуваа и поради продолжениот празничен викенд.

Во своето редовно Велигденско послание, поглаварот на Македонската православна црква, г.г.Стефан се осврна на признавањето на автокефалниот статус на МПЦ.

„Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос Бог поради тоа, и просиме Неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство“, истакна г.г. Стефан во посланието.

Вчеравечер, директно од Ерусалим, македонска црковно-државна делегација во Скопје го донесе Благодатниот оган.

Церемонијата на преземање на Благодатниот оган е посветена на празнувањето на Светата светлина, што се смета за величествен момент што ги поврзува верниците ширум светот со светлината на Исус Христос, а се случува во Ерусалим речиси 2.000 години, на којшто присуствуваат христијани од целиот свет.

Благодатниот оган, после пристигнувањето на скопскиот аеродром, беше раширен низ православните храмови во државата.

Во соборната црква „Св. Климент Охридски“ многумина од верниците чекаа во долг ред за да запалат свеќи токму од огнот донесен од Ерусалим.

Велигден во македонските православни храмови

Велигден во македонските православни храмови
1/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
2/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
3/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
4/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
5/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
6/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
7/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
8/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
9/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
10/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
11/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
12/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
13/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
14/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
15/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
16/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
17/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
18/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
19/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Велигден во македонските православни храмови
20/20 Велигден во македонските православни храмови
Повеќе прикажано Show less
Previous slide
Next slide

This item is part of
XS
SM
MD
LG