Линкови за пристапност

Венецуела протерува тројца американски дипломати


Потегот е реакција на одбраната на Вашингтон на лидерот на венецуелската опозиција Леополдо Лопез.

Претседателот на Венецуела нареди протерување на тројца неименувани дипломати од амбасадата на САД во оваа земја, во знак на одмазда заради тоа што Вашингтон застанал во одбрана на лидерот на венецуелската опозиција Леополдо Лопез.

Американскиот државен секретар Џон Кери во саботата изјави дека налогот за апсење на Лопез има застрашувачко влијание врз правата на народот на Венецуела за мирно изразување на нивните поплаки.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги обвини САД дека ја поддржува опозицијата со протестите во земјата и рече дека „не прима наредби од никого во светот“.

Властите трагаат по Лопез за организирање на анти-владини протести што преминале во насилни. Минатата недела загинаа три лица, вклучувајќи и двајца опозициони демонстранти.

Претседателот Мадуро Лопез е „фашист“ и „кукавица“ и го повика да се предаде.
XS
SM
MD
LG