Линкови за пристапност

Трамп со предупредување за „опасностите од социјализмот“ во Венецуела


Во говор за поддршка на опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо, кој е признат од САД како привремен претседател на државата, американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе предупреди за „опасностите од социјализмот“.

Од Белата куќа велат дека Трамп ќе ги изнесе забелешките на Меѓународниот универзитет во Флорида, додека неговата администрација продолжува да се произнесува против социјалистичкиот претседател на Венецуела, Николас Мадуро. Училиштето е во Мајами каде има најголема концентрација на Венецуелци во САД.

Додека Трамп одби да исклучи американска воена интервенција во Венецуела, конгресменот Елиот Енгел, демократски претседавач на Комитетот за надворешни работи, за време на сослушувањето во Конгресот минатата недела изјави дека законодавците нема да поддржат таков потег.

Во меѓувреме, три американски воени транспортни авиони, натоварени со хуманитарна помош за Венецуела, слетаа во саботата во Кукута, Колумбија, со тони храна и лекови кои чекаат да ја преминат границата.

Помошта испратена од САД и од многу други земји сеуште не стигнала до Венецуелците, туку се наоѓа во градови во Колумбија, Бразил и Курасао.

Мадуро вели дека помошта е непотребна и нелегална.

Венецуела страда од недостиг од храна и има најлоша стапка на инфлација во светот. Три милиони луѓе, околу 10 отсто од населението, веќе ја напуштија земјата.

Мадуро, кој има поддршка од Русија и Кина, му нареди на војската, која му останува лојална, да не дозволи конвоите со помош да влезат во Венецуела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG