Линкови за пристапност

Руските ракети во Венецуела ги подгреваат тензиите со САД


Според експертите и сателитските снимки најмалку четири мобилни батерии за ракетите С-300 се инсталирани во различни делови на Венецуела во последните неколку месеци

Економијата на Венецуела се распаѓа. Има сериозен недостиг од храна, лекови и струја тешко погодувајќи поголем дел од населението. Но, руските советници „работат под екстремни услови“ за да ја задржат воената машинерија оперативна.
Олег Морозов, руски експерт за одбрана

Рускиот воен авио персонал во Венецуела во последниве недели, најверојатно беше испратен за да осигури дека софистицираните ракети воздух-земја С-300 ќе спречат било каква американска воена акција против владата на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро, сметаат аналитичарите за одбрана.

Според аналитичарите рускиот воен контингент, за кој велат дека пристигна кон крајот на март, вклучува специјалисти за воздушна одбрана со вештини потребни да се обезбеди дека проектилите стари со децении можат да се одржат во функција, и покрај влошената инфраструктура на Венецуела и честите прекини на електрична енергија.

Венецуелската влада ги прикажува ракетите С-300 на воените паради. Официјалните претставници на американското Министерство за одбрана го потврдуваат нивното присуство, како и на поранешниот воен персонал на Венецуела. Но, откриени се неколку детали за нивниот оперативен статус или распоредување.

Според експертите од областа на одбраната во регионот и сателитските снимки добиени од израелската компанија „Image Sat“, најмалку четири мобилни батерии за ракетите С-300 се инсталирани во различни делови на Венецуела во последните неколку месеци, со цел да ги заштитат клучните воени бази и владините центри.

Претседателот Доналд Трамп ја остави отворена можноста за употреба на сила за соборување на Мадуро и ја повика војската на Венецуела да изведе државен удар во корист на парламентарниот лидер Хуан Гуаидо, поддржан од САД. Но, изгледите за внатрешно востание на армијата изгледа како да избледеа минатата недела кога најстариот генерал јавно го поддржа Гуаидо, а поранешниот шеф на разузнавачката служба, Хуго Карвајал, беше уапсен поради обвинение за дрога во Шпанија, каде се криел.

Економијата на Венецуела се распаѓа. Има сериозен недостиг од храна, лекови и струја тешко погодувајќи поголем дел од населението. Но, руските советници „работат под екстремни услови“ за да ја задржат воената машинерија оперативна, смета московскиот експерт за одбрана Олег Морозов, кој на руската телевизија зборуваше за се поголемата заложба на претседателот Владимир Путин да го заштити Мадуро.

Стотици руски ракетни земја-воздух проектили „Игла“ кои се снабдуваат со специјални сили и вонредни единици може да претставуваат долгорочен предизвик за секоја интервентна сила, сметаат аналитичарите на американската разузнавачка служба, кои велат дека венецуелската војска пред неколку години донесе доктрина за „Дисперзирана одбрана“ под кубанско водство. Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, изјави дека во Венецуела има 20.000 кубански војници и разузнавачки агенти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG