Линкови за пристапност

ОН: Мнозинството бегалци од Венецуела имаат потреба од заштита


Агенцијата за бегалци на ОН ги повика државите да ги прифатат оние кои бегаат од Венецуела, велејќи дека мнозинството „имаат потреба од меѓународна заштита на бегалци.“

На брифингот за новинарите во Женева, портпаролката на УНХЦР Елизабет Тросел како причини за егзодусот ги наведе влошувањето на политичките, економските и хуманитарните услови во Венецуела.

Таа рече дека околу 3.7 милиони лица ја напуштиле државата, при што 460.000 официјално бараат азил главно во соседните земји.

Од УНХЦР велат дека поради тешкотијата за индивидуално утврдување на случаите, тие им препорачуваат на државите да ја разгледаат подобноста на барателите на азил врз основа на група.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG