Линкови за пристапност

Оспорениот Мадуро и натаму е на власт во неизвесна Венецуела


Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо не успеаа да поттикне масовно воено дезертирање

Николас Мадуро останува на власт во Венецуела, по неуспехот на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо да поттикне масовно воено дезертирање.

Денеска нема извештаи за насилство во главниот град Каракас по неколкудневните немири и повикот во четвртокот од страна на Гуаидо за почеток на генерален штрајк.

Мадуро се одржа на власт, повикувајќи ги вооружените сили на земјата да се спротивстават на „секој обид за државен удар и пуч“. На телевизиски настан во четвртокот со воената команда, нападнатиот Мадуро ја повика војската „да има висок морал за да го разоружа секој предавник и да спречи државен удар“.

Гуаидо, лидерот на Националното собрание, се прогласи за привремен претседател на земјата во јануари. Тој е признат од САД и околу 50 други земји како легитимен лидер на јужноамериканската нација, но тој не можеше да го сруши од функцијата социјалистичкиот претседател на Венецуела.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да интервенира воено во Венецуела. „Ако тоа е потребно, тоа ќе го сторат Соединетите Американски Држави“, рече Помпео.

Но, Помпео и Трамп не наведоа што ќе ги поттикне САД да испратат војници во Венецуела.

Милиони Венецуелци - исцрпени од неконтролирана инфлацијата, сериозниот недостиг на храна и гориво, недостатокот на медицинска нега и периодичните прекини на струја - ја напуштија земјата. Како шеф на Националното собрание контролирано од опозицијата, Гуаидо го искористи уставот за да го прогласи претседателството на Мадуро за нелегитимно, велејќи дека изборот на Мадуро во декември е измама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG