ВАШИНГТОН —
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја затвори границата со Бразил, и се закани дека истото ќе го направи и со границата со Колумбија, со цел да ја спречи странската помош да влезе во државата.
Мадуро ја одбива помошта, велејќи дека таа е дел од американската инвазија.
Тони храна, лекови и друга помош, првенствено од САД, се наоѓаат во магацини на колумбиската страна од мостот со Венецуела.
Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо рече дека ќе ја прими помошта, независно од заканата од воена сила.
Мадуро понуди да се сретне со Гуаидо, но, одбива да се тргне од функцијата или да повика предвремени избори.
Facebook Forum