Линкови за пристапност

Мадуро размислува да ја затвори границата со Колумбија и Бразил


Потпретседателот на САД Мајк Пeнс в понеделник ќе отпатува во Богота, Колумбија за да разговара за акутелната криза

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро рече дека ќе размисли за затворање на границата со Колумбија, и оти дефинитивно ќе ја затвори границата со Бразил.

Мадуро го најави ова во телевизиско интервју, кусо откако венецуелските опозициони лидери, предводени од претседателот на Националното собрание Хуан Гуаидо заминаа на границата Венецуела - Колумбија за да ја земат хуманитарната помош потребна за граѓаните.

Ваквата акција Маудор ја смета за провокација и кампања предводена од САД тој да биде тргнат од функцијата.

Гуаидо се самопрогласи за преоден претседател на крајот на минатиот месец, а како легитимен лидер го признаа САД и други држави.

Поптпретседателот на САД Мајк Пенс в понеделник ќе отпатува во Богота, Колумбија за да разговара за акутелната криза.

Пенс се очекува да се сретне со регионалните лидери, вклучувајќи го и колумбискиот претседател, како и со венецуелските фамилии кои бараат бегалски статус надвор од државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG