Линкови за пристапност

Напад врз воена база во Венецуела


Властите брзо ја спречиле акцијата во Валенсија, а според претседателот Мадуро, таа била финасирана од САД и Венецуела

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, изјави дека неговите сили прекинале кус напад врз воена база во градот Валенсија, предводен од поранешен армиски офицер од редовите на бунтовниците.

Мадуро кажа дека ова е „напад врз вооружените сили“ и претставува акт на тероризам, финансиран од САД и Колумбија, но не даде никакви докази за тврдењето.

Во акцијата биле убиени најмалку двајца натрапници, а властите соопштија дека учествувале околу 20 лица и дека во тек е активна потрага по оние кои успеале да избегаат.

Армискиот офицер, кој се идентификуваше како капетан Хуан Кагарипано, на социјалните мрежи објави видео, на кое е опкружен со десетина мажи во воена облека, очигледно членови на востанието. Тој се прогласи дека е во „легитимен бунт“ против, како што ја нарекува, „убиствената тиранија“ на Мадуро, додавајќи дека „ова не е државен удар, туку граѓанска и воена акција за враќање на уставниот поредок и спас на земјата од целосно уништување“. Кагарипано уште кажа дека е дезертер од армијата, кој има поддршка од „десничарски екстремисти“.

Во досегашните 4-месечни антивладини протести во Венецуела, загинаа преку 120 лица.

САД веќе воведоа санкции врз Мадуро, а можни се и нови. САД, Канада, ЕУ и речиси сите латиноамерикански држави одбија да го признаат новото конститутивно собрание на Венецуела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG