Линкови за пристапност

Велика Британија: Повеќе хуманитарна помош мора да дојде во Газа


Велика Британија се обидува да преговара за привремен прекин на непријателствата во Појасот Газа за да може да се достави повеќе хуманитарна помош до опколените Палестинци, изјави во понеделникот нејзиниот министер за надворешни работи.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли рече дека хуманитарната помош доаѓа во Газа, но дека обемот мора значително да се зголеми.

„Интензивно работиме со Египќаните, Израелците и другите за да се обидеме да создадеме привремена пауза за да можеме да ја добиеме таа хуманитарна помош до луѓето на кои им е потребна“, изјави Клеверли за Ројтерс во резиденцијата на британскиот амбасадор во Абу Даби.

Сепак, тој не повика на целосен прекин на огнот во конфликтот.

Според палестинските здравствени власти, Израел досега ги отфрли меѓународните повици, вклучително и од Обединетите нации, за хуманитарна пауза во бомбардирањето на Газа во кое беа раселени милион луѓе и загинаа повеќе од 8.000.

Израел ги започна нападите откако вооружени лица на Хамас извршија прекуграничен напад на 7 октомври. Израелските власти соопштија дека милитантите убиле околу 1.400 луѓе и зеле најмалку 239 заложници.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG