Линкови за пристапност

Мадуро бара екстрадиција на поранешен американски војник за наводно учество во обидот за уривање на неговата Влада


Венецуелскиот претседател вели дека двајца од 13-те уапсени лица за немирите викендов, биле поврзани со осомниченото лице

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави дека уште четири други лица, кои тој ги нарече терористи, се уапсени за наводна поврзаност со неуспешните немири во неделата.

Мадуро рече дека Владата ќе се обиде да обезбеди екстрадиција на поранешниот американски војник Џордан Гудроу, за наводно учество во немирите да се урне неговата Влада.

Мадуро рече дека барањето за транспортирање на Гудроу од Флорида во Венецуела е неопходно, откако Гудроу, на почетокот на неделата, преку видео рекол дека работел со двајца поранешни припадници на специјалните сили на САД, да го тргнат Мадуро и да ја дестабилизираат неговата Влада.

Мадуро, при телевизиско појавување во вторникот, рече дека двајца од 13-те уапсени лица за немирите викендов, се поврзани со Гудроу.

Тој за нападите ги обвини администрацијата на Трамп и Колумбија, кои пак негираа каква била инволвираност.

XS
SM
MD
LG