Линкови за пристапност

Вековна традиција и културен белег: Три дена ечеа зурлите и тапаните на Галичка свадба


Мајсторијата на професионалните играорци од групата „Танец“ во изведбата на познатото македонско оро „Тешкото“ речиси никого не оставија рамнодушен
Мајсторијата на професионалните играорци од групата „Танец“ во изведбата на познатото македонско оро „Тешкото“ речиси никого не оставија рамнодушен

Китење на невестата, гледање на момчето низ прстен, бричење на младоженецот, одење на вода, канење на мртвите и уште голем број адети поврзани со оваа свадба, која е и своевиден театар, можеа да видат домашните и странските гости кои и годинава дојдоа во Галичник. 

Дел од „сценариото“ на свадбата: гледање на момчето низ прстен
Дел од „сценариото“ на свадбата: гледање на момчето низ прстен

Зурли и тапани три дена ечеа во познатото мијачко село каде викендов се одржа Галичка свадба, белегот на македонската култура и вековна традиција. Свадбата во Галичник годинава се одржа по 61. пат, а младенци беа Стефана Димитрова и Даријан Кочоски.

Китење на невестата, гледање на момчето низ прстен, бричење на младоженецот, одење на вода, канење на мртвите и уште голем број адети поврзани со оваа свадба, која е и своевиден театар, можеа да видат домашните и странските гости кои и годинава дојдоа во Галичник.

Качување на тапанот додека се изведува „Тешкото“ е еден од белезите на свадбата
Качување на тапанот додека се изведува „Тешкото“ е еден од белезите на свадбата

Возрасни, деца, мажи, жени, облечени во автентични стогодишни и постари носии ги оживеаја годините од минатото во Галичник кога печалбарите се враќале за Петровден и се правеле бројни свадби низ селото.

Ечеа зурлите и тапаните на дебарските Мајовци
Ечеа зурлите и тапаните на дебарските Мајовци

Дополнителен белег беа дебарските Мајовци, кои од генерација, на генерација го пренесуваат талентот за доловување на исконските звуци од зурлите и тапаните, како главен музички белег на Галичката свадба.

Мајсторијата на професионалните играорци од групата „Танец“ во изведбата на познатото македонско оро „Тешкото“, речиси никого не оставија рамнодушен во публиката, домашна и странска, во Галичник.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со подарок за младоженците
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со подарок за младоженците

На годинешната Галичка свадба, како покровител, присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која на младенците им подари галичка пафта, дел од накитот на традиционалните мијачки носии. Меѓу бројните гости беше присутен и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Во продолжение погледнете ја низ фотографии и видео атмосферата на годинешната 61. Галичка свадба:

Галичка свадба, белег за македонската традиција
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:08 0:00

XS
SM
MD
LG