Властите во вторник кажаа дека на жената и` бил врачена казна за околу 215 долари во понеделникот навечер во трговски центар во градот Муреи. Полицијата кажа дека целиот случај минал мирно.
Во понеделник полицијата уапсила две жени кои протестирале заради забраната на носење вел откако жените земале учество во демонстрации пред Катедралата Нотр Дам во Париз.
Законот, што беше одобрен од парламентот во септември, влезе во сила во понеделник. Полицијата вели дека жените не биле уапсени заради носење вел, туку за учество во неавторизиран протест.