Линкови за пристапност

Ве водиме низ „Окулус“, најголемата метро станица во Њујорк, симбол на мирот и издржливоста


Окулус е метро станица во Њујорк со 12 линии и неколку метро линии со Њу Џерси во Светскиот трговски центар. Oва грандиозно дело е воедно и трговски центар. Направен по терористичките напади на 11-ти септември во облик на гулаб кој зимболизира мир, Окулус е проект со комерцијален и уметнички фокус.

Овој естетски транспортен центар не само што ги поздравува оние што го посетуваат Светскиот трговски центар, туку служи и како доказ за силата и издржливоста на Њујорк по 11 септември. Дизајниран од шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава, Окулус наликува на гулаб кој одлетува од детски раце.

Доколку патувате од Њу Џерси, еден од најлесно достапните превози е користењето на железницата или метро превозот. Од градот Хобокен во Њу Џерси најлесно и најбрзо да стигнете до Светскиот трговски центар е заедничкото метро на Њу Џерси и Њујорк кое ќе ве еодведе директно до Окулус метро станицата лоцирана кај меморијалниот центар на 11 септември. Окулус е третиот најголем транспортен центар во Њујорк.

„Окулус“, метро станица и симбол за издржливоста на Њујорк
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:45 0:00

Зошто е создаден Окулус?

По терористичките напади на 11-ти септември, брзо беа поставени планови за обнова и реконструкција на Светскиот трговски центар. Овие планови ја вклучија идејата за транспортен центар што ќе ги врати бизнисмените и луѓето во областа наречена - Окулус.

Како проект со комерцијален и уметнички фокус, Окулус ја претставува силата и издржливоста на Њујорк. Но, не е само транспортен центар или метро станица. Тоа воедно претставува и трговски центар.
Распонот на крилата поединечно изнесува 107 метри.

Зошто Окулусот е наречен „Окулус“?

Името потекнува од палета на прозорци или светларници, додека зборот Окулус е латински збор за „око“, што во архитектурата се однесува на тркалезен отвор или отвор со поглед на небото.

Аголот на прозорците е особено поставен така што секоја година на годишнината од нападите, сонцето сјае директно низ светларникот и ја осветлува главната сала во 10:28 часот (времето на уривањето на втората кула). Се нарекува „Патот на светлината“. Архитектот Калатрава ја позиционираше зградата малку навалена од уличната мрежа за да го постигне посакуваниот ефект. Денес, Окулус се смета за една од најскапите железнички станици во светот.

Преживеаното дрво

Крушата Калери стана позната како „Преживеаното дрво“ откако ги издржа терористичките напади на 11 септември 2001 година кај Светскиот трговски центар.

Во октомври 2001 година, беше откриено тешко оштетено дрво, со откинати корени и изгорени и скршени гранки. Дрвото беше извадено од урнатините и згрижено на Одделот за паркови и рекреација во Њујорк.
По неговото закрепнување и рехабилитација, дрвото беше вратено на Спомен-свеченоста во 2010 година. Денес, дрвото стои како жив потсетник за издржливост, опстанок и повторно раѓање.

Музејот за 11-ти септември

Музејот моментално е отворен шест дена во неделата и ги поканува посетителите да научат за историјата на нападите од 11 септември но, и претходно кога Светскиот трговски центар во 1993 година беше место на бомбашки напад. Динамичниот спој на архитектура, археологија и историја на музејот создава незаборавна средба со приказната за нападите, нивните последици и луѓето кои ги доживеале овие настани.

XS
SM
MD
LG