Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, во интервју за Гласот на Америка, зборува пред самитот на Г20 во Њу Делхи од 9 до 10 септември.
Глас на Америка: Слушнавме дека претседателот Шји Џјинпинг можеби нема да присуствува. Претседателот Бајден рече дека се надева оти сепак ќе присуствува. Значи, постои лли чувство дека претседателот е разочаран? Беше ли предвидена средба Бајден-Шји што сега нема да се случи?
Кирби: Колку што знам, нема формална одлука донесена од НР Кина за тоа дали претседателот Шји ќе оди или не. Значи, секако ќе оставиме на нив да зборуваат за неговите планови за патување и за неговите планови за присуство. Како што рече претседателот, секако се надеваме дека ќе присуствува и ова е важен форум. Всушност, една од возбудливите работи за Г20 оваа година е фокусирањето на самата Г20 и унапредувањето на Г20 како форум за подобрена економска соработка низ целиот свет. Значи, јасно е дека ќе има улога на НР Кина и се надеваме дека тие ќе го искористат тоа.
Глас на Америка: Дали претседателот е разочаран што, за разлика од Бали, овојпат претседавачот со Г20 Индија, не го поканува претседателот Зеленски да зборува?
Кирби: Тоа навистина зависи од претседателството на Г20. Претседателот Бајден има многу цврсти односи со претседателот Зеленски. Претседателот Зеленски имаше шанса да им се обрати на сојузниците на НАТО во Вилнус не многу одамна. Тој сигурно имал повеќе можности сам да разговара со странски лидери. Ние веруваме дека е важно луѓето да останат фокусирани на поддршката на Украина до степен што можат, но што се однесува до поканата, би ве упатил кај Индијците за тоа.
Глас на Америка: Дали можеме да добиеме малку повеќе јасност за можна средба Бајден-Мохамед бин Салман? Дали мислите дека ова би била навистина добра можност да се проследи агендата за саудиско-израелска нормализација?
Кирби: Претседателот силно верува дека нашето стратешко партнерство со Саудиска Арабија е важно. Затоа продолжуваме да работиме на тоа партнерство. Може да видите како почна да дава резултати во однос на примирјето што сè уште трае во Јемен, и некои други иницијативи што ги преземавме во однос на обидот да се движиме - поттикнуваат напредок кон нормализација со Израел. Имаше многу добра работа со Саудиска Арабија. Претседателот со нетрпение ја очекува секоја можност да се обиде да го унапреди тоа. Едноставно немам ништо во распоредот за да разговарам.
Глас на Америка: Значи, има покана за средба со претседателот?
Кирби: Немам ништо на распоредот во однос на состаноците за разговор.