Папата Францис ги прогласи неговите први римокатолички светци, вклучувајќи стотици Италијанци кои во 15-от век биле погубени бидејќи одбиле да се преобратат во исламска вера.
За време на првата церемонија на канонизација откако стана поглавар на Римокатоличката црква, Францис назначи калуѓерка од Колубија како прв светец на една јужноамериканска земја, а истото го стори и за друга калуѓерка од Мексико.
Неговиот претходник, папата Бенедикт ги одобри овие активности уште во февруари кога соопшти дека ќе замине во пензија.
Папата Францис пред десетиците илјади насобрани на церемонијата во Рим истакна дека многумина христијани ширум светот и натаму страдаат од насилство заради нивната вероисповед.
Тој се молеше за нив да имаат храброст да одговорат на злото со добро. Папата притоа не посочи на ниту една земја конкретно што се соочува со вакви проблеми.