Линкови за пристапност

Ватикан размислува за ограничување на посетата на Систинската капела


Фреските на Микеланџело почнале да покажуваат знаци на оштетување

Ватикан вели дека може да реши да го ограничи бројот на посетители на својата Систинска капела за да спречи натамошно оштетување на славните фрески на Микеланџело.

Директорот на музејот Антонио Паолучи вели дека сликите, вклучувајќи ја и познатата сцена каде Господ му дава живот на Адам, биле оштетени од здивот, потта и топлината од речиси 20 илјади посетители на капелата секој ден.

Во напис во ватиканскиот весник од среда, Паолучи вели дека клима уредот инсталиран во 1990-те не е доволен да се справи со количината на нечистотија и прав од посетителите.

Директорот вели дека овој чекор може да биде преземен во иснина.

Во среда се навршија 500 години од инаугурацијата на фреските од страна на Папата Јулиј Втори.
XS
SM
MD
LG