Ватикан презеде крајно необичен чекор со барањето од бискупите ширум светот да дознаат што мислат римо-католиците за ставовите на црквата во одредени области што станаа контроверзни, вклучувајќи ги контрацепцијата, разводот и истополовите бракови.
Архиепископот Лоренцо Балдисери го испратил барањето за ова испитување на јавното мислење на 18-ти октомври, а резултатите ги очекува до крајот на јануари наредната година.
Во документот на Ватикан се наведува дека се регистрирани „повеќе нови ситуации од кои се бара црквата да обрне внимание“, вклучувајќи признавање на истополовите бракови, полигамијата, мешаните или браковите склучени на различна расна основа, прашањето за сурогат-мајчинство, како и форми на феминизам, штетни за Римо-католичката црква.
Се` уште не е познато како бискупите од Римокатоличката црква во СД ќе одговорат на директивата.
Портпаролката на Конференцијата на американски бискупи, Хелен Осман, неделава кажа дека секој американски бискуп ќе одреди кој би бил најкорисниот начин да се соберат информациите и да се достават до Рим.
Меѓу прашањата е и „како се прокламира божјата милост“ кај разделени, разведени и повторно венчани двојки и како црквите можат да одговорат кога хомосексуалци, на пример, ќе побараат верско образование за нивните деца.