Линкови за пристапност

Папата со закон против сексуалната злоупотреба


Папата Францис воведе закон за пријавување и истрага на свештенството во случаи на сексуална злоупотреба.

Експерименталниот закон ќе стапи на сила на 1-ви јуни и ќе биде ревидиран по тригодишен пробен период.

Сите 415.000 католички свештеници и 660.000 калуѓерки ќе треба да пријават наводи за сексуална злоупотреба на нивните претпоставени. Црковниот закон обезбедува заштита на информаторите и бара од сите епархии да спроведат систем за примање доверливи жалби.

Папскиот декрет не бара свештеници и калуѓерките да пријавуваат на полицијата. Законот, сепак, бара од подносителите да се усогласат со законите на државата каде што живеат.

Ако целосно се спроведе, Ватикан би можел да биде преплавен со пријави на сексуална злоупотреба во наредните години. Таквото известување зависи од совеста на свештениците и калуѓерките.

Законот е последниот обид на папата да се справи со скандалите со сексуална злоупотреба кои сериозно му наштетија на интегритетот на хиерархијата на Католичката црква.

XS
SM
MD
LG