Линкови за пристапност

Ватикан ја одбива идејата за можност за промена на полот


Католичките припадници на ЛГБТИ заедницата го осудија ставот како насилство кон хомосексуалците и трансродовите лица

Ватикан ја одбива идејата луѓето да може да одберат да го променат полот, велејќи дека тоа претставува закана за традиционалните фамилии.

Во нов документ објавен вчера, Одделот за едукација на Ватикан, вели дека идејата за промена на полот не е ништо друго освен конфузен концепт за слобода, под закрила на чувства и потреби.

Документот предизвика осуда од страна на католичките припадници на ЛГБТИ заедницата, според кои, тој предизвикува нетолеранција и насилство кон хомосексуалците и трансродовите лица.

Активистите сметаат дека идеите на Ватикан за полот се застарени и неосновани, игнорирајќи ја науката дека утврдувањето на полот не зависи само од видливите полови органи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG