Линкови за пристапност

Ватикан не го менува ставот спрема хомосексуалците


Католичките бискупи по двонеделните сискусии не го одобрија документот што требаше да биде поинклузивен.

Токму кога се чинеше дека Римокатоличката црква го омекна својот став околу хомосексуалноста, бискупите ширум светот ги отстранија токму тие изјави од новиот документ на Ватикан.

Финалната верзија на документот беше издадена во саботата, на крајот на двонеделното собрание, на кое учествуваат 200 католички бискупи.

Во претходната верзија преовладуваше гледиштето дека „сексуалната ориентација на хомосексуалците се прифаќа и се вреднува“. Финалната верзија е повоопштена, со акцент дека хомосексуалците „треба да бидат добредојдени со почит и чувствителност и дека дискриминацијата спрема нив, „треба да се избегнува“.

Конзервативците ја критикуваа претходната верзија, повикувајќи на крупни промени, што е знак за поделени ставови со прогресивните членови на Црквата.

Како удар за папата Францис, делот за хомосексулаците не е ни вклучен во финалниот документ, а за да мине требаше да има две третини од мнозинството гласови.

Бискупите не успејаа и да ги одобрат деловите во кои на разведените и католиците кои повторно склучиле брак, им се дозволува да добијат причест.

XS
SM
MD
LG