Линкови за пристапност

Ватикан: Свештениците не се обврзани да откриваат детали од исповед


Документот одобрен од Папата Францис, ја реафирмира „неповредливоста“ на доверливоста на исповедта

И покрај притисокот на јавноста свештениците да ги откриваат информациите што ги добиваат при исповед, највисокиот суд на Ватикан издаде документ - одобрен од папата Францис - кој објаснува зошто свештениците не треба да објавуваат такви детали.

Во документот се вели дека иако модерниот свет тоа не го разбира секогаш, заради слободата на совеста на покајникот неопходно е исповедта да биде запечатена.

Документот на шест страници, кој е потпишан од раководителот на Апостолскиот завод, трибунал кој се занимава со разрешувања и верски прашања, и одобрен од Папата Францис во јуни, ја реафирмира „неповредливоста“ на доверливоста на исповедта.

Свештенството е должно да ја чува тајноста на исповедникот. Свештеникот, според документот, е канал за покајникот да му зборува директно на Бога.

Понатаму во документот се наведува: „Секоја политичка или законодавна иницијатива чија цел е присилување на неповредливоста на сакраменталниот печат ќе се смета за неприфатлива повреда на слободата на црквата, која не го црпи својот легитимитет од било која држава, туку од Бога.“

Овој нов документ ја појаснува позицијата на свештениците кои во исповедта ќе слушнат нешто што би требало да биде пријавено во полиција. Ватикан ефективно ги ослободува од повторување на она што го слушнале за време на исповед.

Бидејќи избувнаа скандали за сексуална злоупотреба, седум држави во САД донесоа закони со кои се бара свештениците да ги пријавуваат признанијата за сексуална злоупотреба на малолетници, со поголема веројатност да го сторат тоа.

Соопштението издадено од кардиналот Мауро Пјаченца и објавено во понеделникот, иако само ги потврдува постоечките црковни учења, сепак ги поставува во судир црквата и државата.

Во Австралија исто така, две од осумте сојузни држави, воведоа закони со кои кривично дело е свештеникот да прикрие информации за злоупотреби кои ги слушнал во исповед.

Кардиналот Пјаченца, сепак, објасни во писмениот коментар на документот дека нема промени во решеноста на папата Францис да се бори против клерикална злоупотреба и прикривање.

Тој напишал: „Јасно е дека текстот од изјавата не може и не сака да биде на било кој начин оправдување или форма на толеранција за одвратните случаи на злоупотреба на членовите на свештенството.“

Тој додаде дека „не е прифатлив компромис во промовирањето на заштитата на малолетниците и на ранливите лица и во спречувањето и борбата против секоја форма на злоупотреба, во духот на она што постојано се повторува.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG