Линкови за пристапност

Ватиканската банка ги отфрла обвиненијата за перење пари


Ватиканската банка ги отфрла обвиненијата за перење пари
Ватиканската банка ги отфрла обвиненијата за перење пари

Еторе Готи Тедески во интервју за италијански и ватикански медиуми во среда кажа дека истрагата била поттикната од процедурална грешка

Раководителот на ватиканската банка го брани менаџментот на својата организација, откако италијански обвинител иницираше истрага против него за наводно перење пари.

Еторе Готи Тедески во интервју за италијански и ватикански медиуми во среда кажа дека истрагата била поттикната од процедурална грешка.

Италијанските власти во вторник запленија 30 милиони долари од Институтот за работа на религијата, како што е позната ватиканската банка, чекајќи на истрага за можно прекршување на законот.

Готи Тадески кажа дека две ватикански трансакции кои изгледале сомнителни на иралијанската финансиска полиција едноставно биле трансфери на пари меѓу банковни сметки. Обвинителите истражуваат дали трансакциите ја прекршиле регулативата на на ЕУ што се однесува на перење пари.

Претставници на Банката на Италија им кажала на властите за сомнителните трансакции.

Ватикан во вторникот изрази изненадување од наводите за перење пари.

XS
SM
MD
LG