Линкови за пристапност

Ватерполо во Охрид се играло пред седум децении, а денес се останати само спомени


Ватерполо во Охрид се играло од 1947 година и толку голем што бил ентузијазмот, топки се набавувале дури од Италија
Ватерполо во Охрид се играло од 1947 година и толку голем што бил ентузијазмот, топки се набавувале дури од Италија

Вљубеници во овој спорт, поранешни активни ватерполисти, организираа ревијален натпревар на градското пристаниште, каде беше поставено монтажно ватерполо игралиште

Само спомени останати за ватерполото во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:48 0:00

Овие фотографии, се потсетник дека во Охрид ватерполо се играло уште пред седум децении. На оваа фотографија од 1958 година се ватерполо тимовите на Охридски бранови и Работнички од Скопје, направена непосредно пред нивниот натпревар на градското пристаниште. Но за разлика од тогаш ватерполото денес e целосно замрено.

Сепак група вљубеници во овој спорт, организираа ревијален ватерполо натпревар на кој учествуваа некогашни ватерполисти од Скопје, Струга и Охрид. За таа цел на градското пристаниште беше поставено монтажно ватерполо игралиште.

Секое попладне се играше ватерполо. Така да беше една прекрасна слика за Охрид, беше интересно за младите
Кочо Паскали, поранешен ватерполист

„Идејата ни е да ги поттикнеме младите да се вратат водените спортови и ватерполото. Своевремено на оваа локација беше градско пливалиште. Се пливаше, a секое утро доаѓаа околу 200-300 деца кои доаѓаа на тренинг. Секое попладне се играше ватерполо. Така да беше една прекрасна слика за Охрид, беше интересно за младите. Постоеше голем интерес“, вели Кочо Паскали, поранешен ватерполист.

Паскали потсетува дека ватерполо во Охрид се играло од 1947 година и толку голем што бил ентузијазмот, топки се набавувале дури од Италија.

„Топките беа кожни па ги мачкавме со паркетна маст. Кога ќе беше водена топката, тешко тебе. Штета не зачувавме една како спомен“, додава Паскали.

Најголемите успеси ватерполото во Охрид го има во 70-те и 80-те години. Потоа пливалиштето кај сегашното пристаниште било демонтирано. Па некое време имало натпревари на отворениот базен.

„1974 година, овде последен пат имам играно ватерполо на пристаништето. Од оваа страна имаше трибини. 700-800 луѓе се собираа на натпревар. Посебно кога Охрид и Струга играа ватерполо тоа беше спектакл. И беше преубаво“, вели Нелко Менкиноски, поранешен ватерполист.

Менкиноски жали за убавите времиња, но се надева дека некои нови генерации ќе ги наследат.

Деведесеттите години беа последните на ватерполото и пливањето и сега овие триесет години има застој
Нелко Менкиноски, поранешен ватерполист

„Ватерполо екипата на Охридски бранови имаше младински тим, пионерски тим, сениорски тим. Се натпреварувавме во тогашна втора југословенска лига, што беше сериозна една екипа. Од тогаш замре пливањето. Деведесеттите години беа последните на ватерполото и пливањето и сега овие триесет години има застој“, додава Менкиноски.

Главна пречка зошто ватерполото во Охрид повеќе не се игра активно е што нема затворен пливачки базен. Истиот се гради веќе десет години.

„Затворен базен постоеше во хотелот ‘Инекс Горица’, каде во 1972 година имаше двомеч меѓу Југославија и Шпанија. Вие не можете да негувате спорт ако ги немате условите. Секој спорт бара целогодишен ангажман. Не може вие со два месеци да негувате пливање, а ние во Охрид ако се стопли, ако дува ветар не можеш“, објаснува Паскали.

Но, идејата е ватерполо во Охрид да се игра сeкое лето. Настанот годинава се поклопи со одржувањето на првиот „Ohrid water festival“.

„Преку фестивалот сакаме да го промовираме ватерполото како спорт и во следните години да имаме турнири кои ќе се од меѓународен натпревар и кој ќе се во рамките на ЛЕН“, вели Јоне Станкоски од секторот за спорт при Општина Охрид.

Клубот Охридски бранови, кој е формиран во далечната 1932 година бил и првиот шампион во ватерполо во независна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG