Линкови за пристапност

Вашингтон нема пријатели, само интереси, вели Путин


Рускиот претседател вели рече дека САД ги прават истите грешки како Советскиот Сојуз
Рускиот претседател вели рече дека САД ги прават истите грешки како Советскиот Сојуз

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека одлуката на Советскиот Сојуз да испрати тенкови во Унгарија и Чехословачка за да ги задушат масовните протести за време на Студената војна била грешка.

„Тоа беше грешка“, рече Путин на прашањето за перцепциите за Русија како колонијална сила поради одлуката на Москва да испрати тенкови во Будимпешта во 1956 година и во Прага во 1968 година.

„Не е правилно да се прави нешто во надворешната политика што им штети на интересите на другите народи“, рече Путин, кој во 2022 година испрати десетици илјади војници во Украина, предизвикувајќи ја најголемата копнена војна во Европа по Втората светска војна.

Путин рече дека САД ги прават истите грешки како Советскиот Сојуз.

Тој рече дека Вашингтон „нема пријатели, туку само интереси“.

Унгарското востание во 1956 година беше задушено од советски тенкови и војници. Во борбите загинаа најмалку 2.600 Унгарци и 600 советски војници.

Прашката пролет во 1968 година беше завршена кога силите на Варшавскиот пакт предводени од Советскиот Сојуз ја нападнаа Чехословачката Социјалистичка Република.

Според чешките историчари, како резултат на инвазијата загинале околу 137 Чеси и Словаци.

XS
SM
MD
LG