Линкови за пристапност

Сакав да споделам радост за време на пандемијата, изјави првата дама Џил Бајден, поставувајќи срциња пред Белата куќа


В недела се празнува Денот на вљубените

Претседателот на САД Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, утрово, излегоа на тревникот пред Белата куќа, кој беше декориран со пораки за љубов и надеж по повод Денот на вљубените.

Претседателот и првата дама, со кафе в раце и нивните две кучиња, се прошетаа меѓу огромните декоративни срциња, на кои беа испишани пораки за заздравување, храброст и љубезност.

Првата дама изјави дека само сакала да сподели малку радост во време на пандемијата на ковид-19.

Претседателот, пак, рече дека Денот на вљубените отсекогаш имал посебно значење за првата дама, која во времето кога тој бил потпретседател го декорирала секој прозорец во неговата канцеларија.

Денот на вљубените годинава се празнува в недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG