Линкови за пристапност

За еден саат вакциниравме цел автобус, велат од поликлиниката „Јане Сандански“ за почетокот на имунизацијата со руската вакцина


Првите дози од руската „Спутник“ вакцина денеска ги добија медицински лица од Скопје и внатрешноста
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Иако првично беше планирано со руската вакцина да почнат да се имунизираат старите и хронично болните лица, поради влошувањето на ситуацијата со ковид-19 беше решено да се продолжи со вакцинирање на медицинскиот персонал

Првите дози на руската „Спутник“ вакцина денеска ги добија медицински лица од Скопје и од внатрешноста. Вакцинирањето се врши во скопската поликлиника „Јане Сандански“.

Иако првично беше планирано со руската вакцина да почнат да се имунизираат старите и хронично болните лица, поради влошувањето на ситуацијата со ковид-19 беше решено да се продолжи со вакцинирање на медицинскиот персонал.

„Вакцинираме со Спутник, тоа е поразлична вакцина по начин на чување и употреба од Фајзер. Оваа вакцина е поедноставна и побрза за употреба. За еден саат вакциниравме цел автобус од Прилеп“, рече Боро Радевски од поликлиника „Јане Сандандски“.

Земјава се` уште не почнала со вакцинирање на широката популација – малкуте дојдени дози се наменети само за здравствените работници. Извесно е дека и 200.000 вакцини нарачани од кинески „Синофарм“, за кои државата го повлече првичниот аванс, ќе доцнат. Премиерот негира дека станува збор за злоупотреби.

„Апсолутно негирам какви било лоши намери или незаконско дејствување. Затоа што во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали како што очекуваат нашите граѓани, час поскоро. Јас, а и министерот за здравство, ја информираше јавноста дека после две недели чекање на активности на Кинеската амбасада, ние директно преку Синофарм не можевме да добиеме контакти и дадовме нарачки преку приватни компании кои МНР не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен. Сега очекуваме да стигнат нарачките преку МНР на Кина, односно преку Кинеската амбасада“, изјави премиерот Зоран Заев.

Здравствените власти информираат дека состојбата со ковид-19 во последните денови се влошува, и дека веќе се полнат болничките легла. 917 граѓани се хоспитализирани на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава. Слободни се уште околу 300 легла, а ако им потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG