Линкови за пристапност

Работиме со сериозен интензитет кинеските вакцини да дојдат до крајот на месецот, рече Заев


Бујар Османи се сретна со државниот врв на Белград
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Станува збор за првични 200.000 дози што државата ги купи од „Синофарм“ и кои ќе бидат доволни за вакцинација на 100.000 граѓани

Четири дена по примопредавањето на српските вакцини, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи се сретна со државно-владиниот врв во Белград.

Токму процесот на вакцинирање како начин за справување со пандемијата во регионот била една од темите на разговорите.

Според соопштението од Кабинетот на српскиот претседател, на состанокот со Александар Вучиќ Османи се заблагодарил за помошта од Србија која го „овозможила почетокот на вакцинацијата во земјата“.

„Веројатно веќе ги добивте сите пораки на благодарност за испорачаните вакцини, дозволете сега и јас да ја реафирмирам таа благодарност во името на граѓаните и инстутциите во Северна Македонија за овој искрен израз на солидарност“, изјавил Османи.

На состаноците во Белград се разговарало и за регионалната соработка, како и за значењето на Меморандумот потпишан меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, со кој се овозможи взаемна помош на здравствените системи на трите држави за лекување на заболени од ковид-19.

4680-те вакцини на „Фајзер“добиени од Србија од вчера веќе се користат за имунизација на медицинскиот персонал.

Наредните дози кои треба да дојдат се оние на кинески „Синофарм“.

„Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на месецот, до крајот на идната недела. Денеска е прв работен ден после Кинеската нова година, нашата амбасада и кинеската амбасада тука, како и компаниите што помагаат со ’Синофарм‘, мислам дека денеска ги прават првите чекори. Знаете дека парите се платени од нашата држава, сето тоа ги отвори следните чекори околу транспортот, патувањето, осигурувањето, гаранциите што мора да се обезбедат. Верувам дека следните денови ќе имаме сериозен интензитет за да ги додржиме датумите до крајот на месецот“, изјави премиерот Зоран Заев.

Станува збор за првични 200.000 дози што државата ги купи од „Синофарм“ и кои ќе бидат доволни за вакцинација на 100.000 граѓани.

Предвидени се и вакцини обезбедени преку директен контакт со „Фајзер“, како и вакцини од КОВАКС механизмот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG