Линкови за пристапност

САД се на работ на отпочнување со вакцинирање


САД може да се само неколку часа далеку од започнување на програмата за вакцинирање против Ковид-19.

Според извештаите, Администрацијата за храна и лекови на САД денеска или утре може да авторизира итна употреба на вакцината против Ковид-19 произведена од американскиот производител на лекови Фајзер и германската фирма БиоНтек.

Советничкиот панел на агенцијата доцна во четвртокот гласаше вакцината да биде одобрена.

Со САД на работ пред почеток на програмата за вакцинирање, директорот за економија и социјална правда на групата за човекови права Амнести интернешенал, Стив Кокбурн, предупреди, зборувајќи за Њујорк Тајмс: „Богатите држави имаат јасна обврска во однос на човековите права не само да се воздржат од акции што може да наштетат на пристапот до вакцини секаде во светот, туку и да соработуваат и да обезбедат помош на државите на кои им треба“.

Рано во петокот Центарот за податоци за коронавирусот на Универзитетот Џонс Хопкинс објави дека во светот има 69,7 инфекции со Ковид-19, со 1,6 милиони починати.

САД продолжуваат да водат по бројот на случаи со 15,6 милиони инфекции, по што доаѓа Индија со 9,7 милиони и Бразил со 6,7 милиони.

Роберт Редфилд, директор на американските Центри за контрола и превенција на болести, кажа дека вирусот во САД може дневно да убива исто толку луѓе дневно колку што умреле за време на терористичките напади на 11 септември 2001, или во нападот на Перл Харбор на 7 декември 1941.

Бројот на умрени во еден ден ја надмина бројката од 3.000 за прв пат во средата.

На други места, Австралија ја напушти масивната нарачка на вакцина против Ковид-19 произведена локално откако откри дека вакцината давала лажни позитивни резултати за ХИВ при тестирањето.

И министерот за внатрешни работи на Германија вели дека државата треба да воведе мерка на затворање за да се запре ширењето на Ковид-19. Хорст Сехофер за Спигел магазинот кажа: „Единствена шанса да се врати контролата врз ситуацијата е затварање, но тоа мора да се случи веднаш. Ако чекаме до Божиќ, со месеци ќе треба да се справуваме со високи бројки“.

XS
SM
MD
LG