Линкови за пристапност

СЗО: „Национализмот против вакцините“ ја ослабна Ковакс програмата


Јапонија е подготвена да прогласи вонредна состојба поради наплив на инфекциите, само три месеци пред отворањето на Олимписките игри во Токио

Во неодамнешниот број на „Њујорк Тајмс“, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) испрати остри зборови за земјите кои доминираат во снабдувањето со ковид вакцини.

Тедрос Аданом Гебреизус изјави дека „национализмот против вакцините“ го ослабна Ковакс механизмот, иницијативата на СЗО да обезбеди вакцини на земјите на кои им е потребна помош. Наместо тоа, рече тој, „мал е бројот богати земји што ја примена оваа понуда, додека производителите пак ги продаваат на највисокиот понудувач”.

Пандемијата бележи висока зачудувачка стапка во Индија. Министерството за здравство на Индија соопшти дека рекордни 332.730 нови инфекции се регистрирани претходните 24-часа.

Џонсон Хопкинс известува дека Индија има скоро 16 милиони случаи на ковид заболени. Единствено САД со скоро 32 милиони случаи имаат повеќе инфекции од Индија.

Јапонија е подготвена да прогласи вонредна состојба поради наплив на инфекциите, само три месеци пред отворањето на Олимписките игри во Токио.

Според Џонсон Хопкинс, во Јапонија има повеќе од 550 илјади случаи на заболени додека во светот има скоро 145 милиони инфекции, а повеќе од три милиони луѓе починале.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG