Линкови за пристапност

Европските влади против скептиците за вакцинирањето


Според Светската здравствена организација лани околу 82.600 лица во Европа се заразиле со мали сипаници

Бранденбург стана првата сојузна покраина во Германија каде сите деца кои одат во градинка се задолжени да се вакцинираат за мали сипаници и други заразни болести. Ова се случува во време кога во Европа расте влијанието на движењето против вакцинацијата.

Намалувањето на степенот на имунизација доведе до зголемување на бројот на заразени во Германија, Франција, Италија и на други места.

Германската влада размислува дали да воведе задолжително вакцинирање низ целата држава. Властите велат дека 2019 -та година најверојатно ќе биде рекордна година по бројот на заразени со мали сипаници, со тројно зголемување на случаите во три покраини.

Други европски држави веќе воведоа закони со кои вакцинирањето е задолжително. Италија пред две години донесе закон со кој 10 вакцини се задолжителни за деца кои се запишани во италијанските училишта, вклучувајќи ги големите и малите сипаници.

Според законот во германската покраина Бранденбург, децата кои не биле вакцинирани против мали сипаници нема да можат да ги посетуваат детските градинки. Законодавците од оваа сојузна покраина велат дека ќе размислат дали да бидат задолжителни и други вакцини.

Законодавците од десничарската Алтернатива на Германија гласаа против законот, истакнувајќи дека обврската за вакцинација постоела во источна Германија, кога комунистите биле на власт.

Зелената партија се воздржа од гласањето за задолжителна вакцинација.

Во некои други покраини во Германија директорите на училиштата веќе преземаа мерки, испраќајќи ги децата кои не биле вакцинирани дома.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година повеќе Европејци се заразиле со мали сипаници отколку во било кое време во изминатата деценија. (Околу 82.600).

Германскиот министер за здравство Херман Грохе предлага федерален закон со кој раководителите на градинките во сите 16 покраини во државата се обврзани да ги пријават родителите на здравствените работници ако тие не можат да докажат дека побарале вакцинација на нивните деца.

Ако законот биде донесен, родителите кои немаат доказ за такви медицински консултации може да бидат казнети со парична казна до 2.500 евра.

Пристапот на Италија беше враќање назад, благодарение на скетицизмот кон вакцинирањето на Движењето пет ѕвезди кое е коалиционен партнер на владејачката популистичката партија, Северна Лига.

Движењето пет ѕвезди ја поттикна кампањата против вакцинацијата и се спротивстави на експертско мислење кое инсистира на тоа дека вакцините се безбедни и дека комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) не е поврзана со аутизмот.

Минатата година министерот за здравство, член на Движењето пет ѕвезди воведе привремена мерка за да им овозможи на децата да останат во училиште ако нивните родители изјавиле дека биле вакцинирани без да мора да обезбедат било каква документација.

Набрзо потоа, стапката на заболени од мали сипаници во Италија брзо зголеми. Според СЗО, минатата година во државата биле регистрирани речиси четвртина од сите нови случаи во Европа.

Од СЗО велат дека треба да биде вакцинирано 95 проценти од населението, за да се спречи ширење на болеста и да бидат заштитени оние кои не можат да се вакцинираат заради сериозни здравствени причини, како што е ослабениот имунитет.

XS
SM
MD
LG