САД и Јапонија водат истрага зошто на персоналот на американскиот разорувач и на јапонскиот трговски брод, им требало речиси еден час да го пријават судирот, кој уби седум морнари кај крајбрежјето на Јапонија.
Официјални лица од двете држави изјавија дека несреќата била пријавена од двата брода, во саботата наутро, околу 2:30 часот, иако трагите покажуваат дека судирот се случил во 1:30 часот.
Судирот го истражуваат Американската морнарица, Јапонската крајбрежна стража и нејзиниот Борд за безбеден транспорт.
Рано утринава, Американската морнарица идентификуваше седум морнари, кои беа пронајдени мртви во поплавените комори на Фиѕџералд.
Вршителот на должност секретар на Морнарицата Шон Стекли рече:
„Длабоко жалиме за трагичната загуба на нашите морнари“, изјави тој.
Тројца членови на екипажот беа повредени, вклучувајќи го и капетанот на трговскиот брод, чија кабина била директно погодена.
Нема повредени во екипажот на јапонскиот трговски брод.
Facebook Forum