Како предострожност, американската морнарица пренасочила неколку од нејзините бродови во побезбедни води.
Портпаролот на морнарицата, Енсаин Џо Паинтер за Гласот на Америка изјави дека нивото на радијација не било толкаво да се прекинат операциите на силите распоредени долж јапонскиот источен брег. Морнарицата кажа дека 17 членови на екипажи на хеликоптери требало да бидат деконтаминирани по враќањето на ЈуЕсЕс Роналд Реган.
Паинтер зборуваше во вторник од седиштето на пацифичката команда во Перл Харбор во Хаваи. Тој рече дека екипажите на три амфибиски летала започнале со доставување на храна и лекарства на брегот, и дека ќе подготвени да останат таму колку што ќе биде потребно.
Во вторник биле изведени 29 мисии, и доставени биле 17 тони храна, вода и други намирници.
Роналд Реган служи и како платформа за полнење гориво за хеликоптери на јапонската крајбрежна гарда, како и за оние кои припаѓаат на пожарникарски и полициски единици на Јапонија.