Линкови за пристапност

САД веќе не се „земја на имигранти“


Агенцијата за државјанство и имиграциони услуги ја ревидираше својата мисија

Американската агенција одговорна за процесирање на апликациите за престој и државјанство, неделава во официјалната изјава за тоа која е нејзината мисија, направи промени, со кои САД повеќе не се сметаат како „нација на имигранти“.

Агенцијата за државјанство и имиграциони услуги, обелодени дека ревидираната мисија сега гласи: „Водете не` во годините што следат“.

Претседателот на САД Доналд Трамп, дојде на функцијата со платформа за крупни промени во имиграциониот систем во државата. Минатата година актуелната администрација донесе неколку одлуки во однос на тоа на кого му е дозволен влез во земјата, и направи промени и во системот на поранешниот претседател Барак Обама за приоритетите кои имигранти се во ризик за депортација.

Најновите промени на Агенцијата за државјанство и имиграциони услуги, се достапни на следниов линк: https://www.uscis.gov/aboutus

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG