УСАИД имала одлично партнерство со Македонија изминативе 25 години, а тоа продолжува и со Северна Македонија. Со Помошникот Администратор на Бирото за Европа и Евроазија Брок Бирман разговараме за нова програма за која има големи надежи во САД и во регионот.
„Главниот акцент на програмата која штотуку ја лансиравме, наречена ЕДИН, што на руски значи единство, е токму за тоа, зближување на луѓето, ангажирање на следната генерација на млади лидери“, раскажува Бирман во интервју за Гласот на Америка на македонски.
...се` повеќе на демократиите им треба нова генерација што повторно ќе ја открие вредноста на работењето со оние од другата страна.Брок Бирман, УСАИД
Бирман цврсто верува дека демократијата бара определба од секоја генерација не само да служи на јавниот интерес туку и да покаже волја за дијалог со оние кои имаат спротивни гледишта. Како што вели тој, се` повеќе на демократиите им треба нова генерација што повторно ќе ја открие вредноста на работењето со оние од другата страна.
„Главниот акцент на програмата која штотуку ја лансиравме, наречена ЕДИН, што на руски значи динство, е токму за тоа, зближување на луѓето, ангажирање на следната генерација на млади лидери“, објаснува тој.
Ова е втор пат на Бирман во УСАИД. Откако пет години бил шеф на кабинет на Бирото во кое е сега, во администрацијата на Буш, се вратил назад да работи за администрацијата на Претседателот Трамп во функција на Помошник Администратор. Од искуството вели дека знае оти програмите на размена на млади даваат резултати. Самиот бил учесник на таква програма, додека служел во легислативата на Род Ајленд, при што престојувал во Русија.
„Младите политички лидери се локомотивата на демократијата. Ние треба да ги ангажираме да учествуваат, во демократијата и во управувањето, и еден од начините на кои сакавме тоа да го направиме, наместо да имаме една конференција, беше да развиеме мрежа“, додава Бирман.
Се работи за петгодишна програма со јадро сочинето од претставници на државите на Евроазија, вклучително и од Балканот. Бирман вели нивниот профил било лесно да се направи:
„Сакавме тие млади лидери да бидат родени по паѓањето на Берлинскиот ѕид. Тоа се лица меѓу 18 и 29 години кои не живееле под авторитарни режими како што е комунизмот. Може да слушале за тоа, но самите не живееле во такви околности. Сакавме да ги донесеме заедно да разговараат како ќе изградат демократија во нивните држави, како заеднички ќе си помагаат да решаваат проблеми.“
И тој вели – успеало.
„Ние само им дадовме место за средба, но ги поттикнавме тие да одлучат за насоката. Тие, како млади политички лидери, решаваат која е мисијата, кои се целите, како изгледа структурата, тие работат на начинот на изградба на мрежата.“
Местото на средбата во САД не било случајно избрано. Биле поканети да дојдат во Гетисбург, Пенсилванија, каде била една од клучните битки за време на Американската граѓанска војна во 1863. Целта била, тие лично да видат колку демократијата може да биде тешка, вели Бирман: „Сакавме да видат како изгледа конфликт кога не можете да најдете заедничка основа.“
Следната средба е во Северна Македонија на Охридското Езеро, следниот месец. Таму ќе ја зголемат мрежата од 10 на 50 и процесот на апликација е отворен за секого што сака да се приклучи. Бирман се надева дека ЕДИН со време ќе стане самоодржлива мрежа составена од илјадници