Линкови за пристапност

Продолжува соработката УСАИД - Македонија

Како дел од проектот на УСАИД - Македонија, „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, во Струга се одржа јавна дебата во врска со новиот предлог-закон за јавни набавки, којшто треба да стапи на сила во јануари, 2019-та година.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, изјави дека со новиот закон ќе се зајакне транспарентноста и контролата на постапките, а истите ќе ги направи и поедноставни и полесни за имплементација.

Инаку УСАИД годинава одбележува 25 години од своето присуство во Македонија. Почнувајќи од 1993-та, во Македонија има инвестирано 610 милиони долари. Од агенцијата велат дека ваквите иницијативи имаат за цел да го подобрат квалитетoт на живеење во државата.

This item is part of
XS
SM
MD
LG