Линкови за пристапност

Помош од УСАИД за децата со попреченост


Отворен е четвртиот Кариерен центар во државните средни училишта за помош во нивниот избор на професија и во транзицијата кон пазарот на трудот

„Кариерните центри во сите овие училишта имаат асистивна технологија која им овозможува на учениците со попреченост да читаат, пишуваат, цртаат и гледааат видеа, поврзани со кариерата, со помош на компјутер. Ние ги обучивме професорите кои работат во овие центри, да ги подготват своите ученици за работниот свет, учејќи ги на основните вештини кои ќе им помогнат да најдат, но и да ја задржат работата... Лицата со попреченост имаат тенденција да бидат едни од најранливите групи во општеството“, изјави денес Мајкл Стивејдер, директор на Канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, при отворањето на новиот Кариерен центар во Средното стручно училиште за ученици со интелектуална попреченост „Св. Наум Охридски“ од Скопје.

Центарот е дел од Проектот на УСАИД, Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување – Мрежа ЈЕС. Проектот на УСАИД - Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување го спроведува Центарот за развој на образованието, глобална непрофитна организација посветена на подобрување на учењето и унапредување на здравјето. Новоотворениот центар во Скопје е еден од четирите Кариерни центри во државните средни училишта за ученици со попреченост во Македонија (за помош во нивниот избор на професија и во транзицијатата кон пазарот на трудот преку адаптирани програми) во кои УСАИД асистираше во реновирање и опремување со мебел, со компјутерска опрема и со асистивна технологија за учениците со попреченост. Покрај специјализираните училишта за ученици со попреченост, како ДСУ „Св. Наум Охридски“ во кое учат 150 ученици, во 6 струки, УСАИД веќе пет години ја поддржува МОН при воспоставувањето на одржлив систем за кариерно советување на младите со попреченост, но помагал во истата сфера, и во 48 регуларни училишта.

Основна цел на Кариерните центри е да им помогне на младите да ги добијат потребните вештини за успешно да најдат работа и затоа, токму на младите со попреченост, ваквите вештини им се од особено значење, бидејќи поради нивната состојба, тие имаат помалку можности да се подготват за работниот свет и да се вработат.

„Денес сме овде да го официјализираме функционирањето на еден од кариерните центри кои ги спроведуваме преку овој проект со поддршка УСАИД, а кој се однесува на директна поддршка на учениците во насока на нивно правилно насочување и кариерен развој понатаму во животот“, изјави заменик министерот Ристовски. „Со таквата директна поддршка се обезбедува вистинската инклузија на учениците со попреченост, нивното вклучување во секојдневниот живот, за што се и потврда изминативе неколку години, при што околу 50 ученици од ова училиште веќе функционираат,работат и се целосно ангажирани во приватни фирми во Македонија со што се прикажува и потврдува правилноста на спроведувањето на овој проект“, изјави Ристовски во „Св. Наум Охридски“.

Американскиот народ, преку УСАИД, од 1993 година, во Македонија инвестирал над 500 милиони долари, преку разни иницијативи кои го подобруваат квалитетот на животот.

XS
SM
MD
LG