Линкови за пристапност

УСАИД со проект за етничка интеграција во Македонија


Интегрирано Образование
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00

Целта на овој проект е да им се помогне на младите луѓе во нивните заедници, рече амбасадорот на САД Џес Бејли

Од денес во Македонија, УСАИД почнува со реализација на нов проект за етничка интеграција на младите.

„Преку овој проект УСАИД ќе го продолжи партнерството со основните и средните училишта во Македонија, ќе им помогне на младите луѓе да бидат поактивни во нивните заедници, и да изградат посилни врски со нивните врсници, кои имаат различни потекла. Тоа ја одразува посветеноста на САД да помогне, Македонија да стане посигурна, попросперитетна, поиздржлива и поинклузивна демократија“, изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија.

За новата влада концептот на инклузивност е иднината на земјата.

„Концептот едно општество за сите, во кој се препозна огромното мнозинство граѓани на Македонија, и затоа толку масовно застанаа зад него, Владата на Република Македонија е цврсто одлучна да го спроведе на дело, затоа што тој концепт ја обезбедува иднината на државата. Тој концепт значи држава за сите, институции за сите, меѓу нив, многу важно, можеби најважно, училишта за сите“, изјави премиерот Зоран Заев.

Денеска промовираната програма ќе продолжи на основата на претходниот проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција низ образованието, што траеше пет години, и во чии траење беа реновирани 63 училишни објекти, а беше воспоставена врска меѓу 400 разни училишта во земјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG