Линкови за пристапност

Алатките за заштита од цензура во ризик, по промена на лидерството во Агенцијата за глобални медиуми, реагираат активистите


Агенцијата, под чија контрола се наоѓа Гласот на Америка, ги одби барањата за коментар

Непрофитната организација „Опен технолоџи фанд“ (Open Technology Fund), поддржана од Владата на САД, стана центар на турбуленција, при промени во администрацијата на Трамп.

Оваа независна и приватна организација, добива фондови од Агенцијата за глобални медиуми, под чија контрола се наоѓа Гласот на Америка.

Од нејзиното основање во 2012 година, оваа организација помогнала во финансирање на некои од најважните дигитални алатки, кои се достапни за дисиденти, активисти, и други, кога репресивните влади во светот ги блокираат сопствените граѓани.

Но, иднината на оваа организација, чиј годишен Буџет за 2020 изнесува околу 21 милион долари, можеби ќе биде неизвесна, според групите за дигитални права во светот.

Промената на лидерството во Агенцијата за глобални медиуми е закана за организацијата, која, активистите сметаат дека претставува столб за слободата на интернетот.

Тие стравуваат дека организацијата повеќе нема да биде фокусирана на поддршка на проекти, апликации, софтвер и технологија, кои сите ќе можат да ги видат и тестираат, туку ќе се сврти кон технологии, кои активистите, новинарите и други лица, нема да можат да им веруваат.

Повеќе од 500 организации за дигитални права, меѓу кои „Мозила Фајрфокс“, ја потпишаа петицијата до Конгресот на САД, од кој бараат да ги разгледа новите промени во непрофитната организација.

„Постои сериозна загриженост дека новото лидерство во Агенцијата за глобални медиуми ќе ја трансформира организацијата, и ќе ги пренасочи фондовите кон алтаки против цензура, без транспарентен и отворен процес на ревизија“, се вели во петицијата.

Агенцијата за глобални медиуми ги одби барањата за коментар.

Што работи оваа организација?

„Опен технолоџи фанд“ (Open Technology Fund) првично била креирана како програма во Радио Слободна Азија, да ги финансира дигиталните алатки во рана фаза, пред да прерасне во непрофитна, независна организација во септември 2019 година. Покрај годишниот Буџет од над 20 милиони долари, организацијата добива пари и од приватни фондови.

Организацијата, исто така, обучува лица за дигитална безбедност низ светот, спонзорира годишни стипендии, има неколку лаборатории за технологија, како и преведува нови апликации и софтвери на повеќе од 200 јазици.

Сепак, критичарите веруваат дека организацијата би можела да прави многу повеќе од она што го сработила досега.

Алатки за дигитална безбедност

Турбуленциите во организацијата доаѓаат во време кога демонстрантите, како оние во Хонгконг, се соочуваат со нови рестрикции, реагираат активистите.

Според нив, од суштинска корист е луѓето да имаат пристап до безбедни дигитални алатки, во момент кога најмногу им требаат.

Велат дека на долг рок последиците би биле катастрофални, ако биде променет фокусот на оваа организација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG