Линкови за пристапност

Конгресот ја зајакна контролата за влез во САД без виза


Сериозни промени за проверка на податоците на туристите врз основа на информациите на Интерпол

Претставничкиот дом со огромно мнозинство гласови усвои законски предлог кој ќе забранува влез во САД без виза за оние луѓе од државите кои се дел од програмата Вејвер ( држави на кои не им треба виза за влез во САД) и кои во изминатите пет години ја посетиле Сирија, Ирак или било која друга земја „од листата на САД за земја или област за која постои загриженост“.

Усвојувањето на законот е дел од меѓупартискиот притисок за измени во програмата за Виза Вејвер, која што во моментов им овозможува на граѓани од 38 држави да влезат во САД и да престојуваат до 90 дена, без издадена виза од дипломатско-конзуларно претставништво на САД.

Законскиот предлог, кој беше изгласан доцна вторникот, ќе воведе сериозни промени вклучувајќи барање од земјите кои земаат учество во оваа програма да ги проверуваат податоците врз основа на информациите на Интерпол за да се одреди дали тие се на листа на владините Агенции за поврзаност со тероризам или криминална активност.

Предлог-законот ќе бара земјите да се во можност да потврдат дека издадените документи се легални, кога ќе спроведат скенирање.

Како превентива за фалсификување на пасоши, мерката ќе бара сите 38 земји да издаваат таканаречени „е-пасоши“ кои ќе содржат биометриски информации.

Во САД годишно влегуваат 20 милиони посетители кои се дел од програмата Вејвер, и на кои не им треба виза за влез во САД. Тие минуваат низ процедура преку Интернет за нивна проверка. Ваквиот систем е во надлежност на Одделот за домашна безбедност.

XS
SM
MD
LG