Линкови за пристапност

САД треба да продолжат со глобалното лидерство


Сенаторот Бен Кардин коментира за улогата на САД во светот по изборот на Доналд Трамп за претседател

Русија се обидува да има влијание врз интегритетот на демократските институции, и САД треба да го преземе лидерството во меѓународниот одговор на тоа влијание, вели демократскиот сенатор Бен Кардин во интервју за Гласот на Америка.

Коментирајќи ги ставовите за НАТО искажани од избраниот претседател Доналд Трамп, дека САД можат да ја повлечат поддршката за Алијансата, тој рече:

„Никој не може да предвиди како администрацијата на Трамп ќе се однесува, но јас се надевам дека Конгресот ќе ги извршува своите обврски. Ние имаме одговорност да ги поставиме насоките, и јас се надевам дека претседателот Трамп ќе добие двопартиска поддршка од американскиот Конгрес, за насоките со кои Америка ќе го одржува лидерството во светот за заштита на вредностите кои се важни за Америка и за демократските институции.

Во светлина на руската агресија во Украина, сенаторот кажа дека е важно САД да продолжат да работат со европските сојузниците обезбедувајќи го потребното лидерство.

„Лидерство на САД е многу важно за да се застане против заплашувањето. Русија е на врвот на мојата листа на држави кои ги нарушуваат меѓународните норми. Знаеме што сторија во Украина, и како се однесуваат во Грузија и Молдавија во врска со територијалните спорови. Важно е САД да продолжат со лидерството и да работат со европските партнери за да ја спречат Русија да се меша во територијалниот интегритет на било која земја. Исто така да се спречи мешањето во работата на демократските институции во овие земји.

XS
SM
MD
LG