Линкови за пристапност

Нервозен, некомпетентен, несигурен: Протекоа критики од британскиот амбасадор за Трамп


Американскиот претседател рече дека ќе прекине соработка со високиот британски дипломат, откако се појавија пораки во кои тој ги критикувал првиот човек на САД и американската администрација

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека повеќе нема да соработува со британскиот амбасадор во Вашингтон, откако протекоа приватни пораки во кои високиот дипломатски претставник од Лондон дал оценки за првиот човек на САД дека е „нервозен“, „несигурен“ и „некомпетентен“, а дека неговата администрација е „уникатно дисфункционална“.

Сè уште не е јасно дали САД ќе испратат формална протестна нота до Британската амбасада.

Трамп преку објава на Твитер рече дека не го познава амбасадорот Ким Дарок, но и дека за него нема симпатии во САД.

Во меѓувреме во Велика Британија се водат напори да се открие изворот на откриените разговори.

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, истакна дека ќе мораат да откријат што се случило и дека ќе има сериозни последици по тие што се одговорни.

Британскиот министер за трговија, Лиам Фокс, кој е во посета во Вашингтон, во изјава за радио „Би-би-си“ истакна дека ќе ѝ се извини на Иванка Трамп, ќерката и советничка на Трамп, со која треба да се сретне.

Според британски официјални лица, одговорноста на протечените разговори веројатно е меѓу политичарите во Лондон, а не кај странска влада.

XS
SM
MD
LG