Линкови за пристапност

Трамп ќе ја посети американско мексиканската граница


Американскиот претседател ќе оди во Калексико, Калифорнија, на јужната граница, во обиколка на дел од неодамна инсталираната ограда на границата со Мексико

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ќе отпатува на американско-мексиканската граница за да изврши увид на проектот за пограничниот ѕид. Посетата следи еден ден откако се повлече од заканата да ја затвори јужната граница, освен ако Мексико не преземе активности за спречување на илегалните имигранти и трговијата со дрога во САД.

Трамп ќе отпатува за Калексико, Калифорнија, на јужната граница, во обиколка на дел од неодамна инсталираната ограда.

Пред две недели, претседателот се закани дека ќе ја затвори границата, бидејќи, како што рече, Мексико не прави доволно за да ја спречи трговијата со дрога и илегалната имиграција. Минатата недела, тој звучеше многу сигурно во врска со тоа.

„Многу е голема веројатноста дека следната недела ќе ја затворам границата“, рече Трамп пред една недела.

Но, ваквиот предлог наиде на силни реакции, дури и од партијата на Трамп. Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, рече дека тоа е лоша идеја.

„Затворањето на границата потенцијално ќе има катастрофално економско влијание на нашата земја. Се надевам дека нема да направиме нешто такво“, рече Меконел.

Оттука, во четвртокот, за време на состанок на кабинетот на Белата куќа, Трамп се повлече од заканата за затворање на границата, нагласувајќи сепак дека ќе му даде на Мексико една година да го запре бранот на нелегална миграција и трговија со дрога во САД. Во спротивно рече дека ќе бидат наметнати царини на возилата кои од Мексико се извезуваат во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG