Линкови за пристапност

САД постигнаа начелен договор со Талибанците за мир во Авганистан


Начелен договор за мир во Авганистан после 17 години војна бил постигнат меѓу преговарачи на САД и авганистанските Талибанци.

Информацијата ја потврди специјалниот пратеник на САД за Авганистан, Залмај Калилзад, кој повика на директни разговори меѓу Талибанците и владата во Кабул.

Калилзад истакна дека целта на САД е преговорите да се водат во Авганистан, директно меѓу инволвираните страни.

Авганистанскиот претседател, Ашраф Гани исто така ги повика бунтовничките лидери да почнат „сериозни преговори со владата“.

Гани упати неколку безусловни предлози до Талибанците да почнат со преговори „каде било и кога било“. Но, неговата понуда беше одбиена.

Преговорите со помош на медијатори почнаа во Доха минатата година.

XS
SM
MD
LG