Линкови за пристапност

САД ја обвинуваат Сирија за воздушните напади врз хуманитарниот конвој


Конвојот бил упатен кон Алепо, а според Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, загинале 12 хуманитарни работници

САД ја обвинуваат Сирија за воздушните напади врз хуманитарен конвој од понеделникот кој бил упатен кон Алепо, а во кој според Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, загинале 12 хуманитарни работници.

ОН и Црвената полумесечина на Сирија соопштија дека конвојот во кој партиципирале повеќе агенции и кој пренесувал помош од Турција за десетици илјади лица, бил нападнат во област западно од Алепо, под контрола на бунтовниците.

Нападот речиси со сигурност го наруши еднонеделниот прекин на огнот договорен меѓу САД и Русија, а чија цел беше да овозможи пристап за хуманитарна помош за Алепо и други погодени градови.

Договорот беше брзо разнишан откако коалицијата по американско водство во саботата изврши воздушен напад во близина на аеродромот Деир ал-Зор, во кој, според Москва и Дамаск, загинале 12 сириски војници.

Мониторинг групи велат дека последователните воздушни напади, за кои постои уверување дека биле изведени од сириски и руски авиони целеле на делови на Алепо коишто важат за упоришта на опозицијата.

XS
SM
MD
LG