Американскиот претседател Барак Обама се среќава со својот национален тим за безбедност за да се информира за безбедносната ситуација во земјата, во светлина на терористичкиот напад на Париз, но и по повод празникот кога голем број Американци патуваат.
Во среда ден пред празникот Ден на благодарноста, е најфреквентниот ден за патување во годината во САД и додека од Федералното биро за разузнавање велат дека нема конкретна закана за тероризам, локалните и федералните законодавни агенции се на висок степен на претпазливост. Петок пак, е ден кога трговските центри се преполни со купувачи бидејќи официјално започнува сезоната на купување подароци за Божиќ.
Франција, која е веќе на висок степен на претпазливост после терористичкиот напад на 13-ти ноември, извести дека во среда ќе ангажира уште повеќе полицајци и војници поради Конференцијата за климатски промени која треба да се одржи следната недела.
Разговорите започнуваат во понеделник и Обама е еден од големата група на светски лидери коишто ќе допатуваат во Париз на конференцијата.
Главниот град на Белгија, Брисел, ќе биде на највисок степен на претпазливост барем до понеделник поради потрагата по неколку осомничени кои се поврзани со нападите на Париз, вклучувајќи го Салах Абдеслам и новиот осомничен Мохамед Абрини.
Но, градот донекаде се врати во нормала. Децата се вратија на училиште и поголемиот дел од метрото е повторно пуштено во употреба.