Линкови за пристапност

Пад на религиозноста во САД


Бројката на Американци кои се „апсолутно сигурни“ дека постои Господ се намалил од 71 проценти во 2007-та година на 63 отсто во 2014-та

Податоците од најновите испитувања за религиозноста на Американците, покажува благ пад меѓу бројот на луѓе кои веруваат во Господ, се молат секој ден и одат во црква.

Студијата за религиозноста од 2014 година, објавена во вторникот од страна на Центарот за истражување Пју, покажа дека процентот на Американци кои сметаат дека се „апсолутно сигурни“ дека постои Господ се намалил од 71 проценти во 2007-та година на 63 отсто во 2014-та.

И покрај намалувањето на процентот, мислењето на Пју е дека „религиозноста во Америка се сфаќа сериозно“ и за оние кои ја сакаат религијата, нема „ видлив пад“ во меѓусебната поврзаност.

Според Пју, вербата во Господ е многу силна, споредувајќи со некои други развиени земји.

Студијата посочува дека 77 проценти од испитаниците се поврзани со религијата, а во 2007-ма таа бројка била 83%.

Оние кои велат дека веруваат во Господ се 89 проценти, за разлика од 92 проценти во 2007 година, за време на последното анкетирање.

60 проценти од анкетираните веруваат во Библија или некоја друга Света книга, а 31 процент сметаат дека овој вид на книги треба да се толкува буквално.

„Кај луѓето кои велат дека се религиозни, што се' уште е поголем број од населението, не покажуваат видлив пад на почит“ вели Алан Куперман, директор на религиозното истражување.

„Тие присуствуваат на религиозни обреди исто како и пред неколку години. Се молат исто како и порано и кажуваат дека религијата има многу важна улога во нивните животи“ додаде тој. „Некои од нив, повеќе ѝ се посветени на религијата од порано.“, вели Куперман.

Пју вели дека намалувањето на религиозноста најверојатно е резултат на зголемувањето на бројката млади луѓе кои се родени помеѓу 1980-та и 2000-та година и кои велат дека не припаѓаат на организирана религија, и опаѓањето на бројката на повозрасни, религиозни Американци кои умираат.

Таканаречените „неутрални“ кои не се религиозни, се 23 проценти, споредено со 16 проценти во 2007-ма.

61 отсто од „неутралните“ велат дека порано верувале во Господ.

Друг значаен индикатор се истополовите бракови - 54 проценти од Христијаните велат дека хомосексуалноста треба да биде прифатена од општеството. Во 2007-ма, таа бројка била само 44 проценти.

За еволуцијата, која е спорна и тема на жестока дебата во американското општество, 62 проценти велат дека луѓето еволуирале со текот на времето, додека 34 проценти не веруваат во еволуцијата.

XS
SM
MD
LG