Линкови за пристапност

Македонски претприемачи на Самит со Обама и Зукенберг


Глобалниот самит за претприемачи, спонзориран од САД, оваа недела ќе се одржи во Пао Алто, Калифорнија

Благица Петрески и Зоран Настески се двајца од стотиците претприемачи од 170 држави, кои ќе учествуваат на Глобалниот самит за претприемачи, спонзориран од САД, кој оваа недела ќе се одржи во Пао Алто, Калифорнија.

На претприемачите ќе им се обрати американскиот претседател Барак Обама, а еден од говорниците е и основачот на Фејсбук Марк Зукенберг.

Овој самит започна во Вашингтон во 2010 година, и сега повторно се врати во САД, откако претходно се одржа во Турција, Обединетите Арапски Емирати, Малезија, Мароко и Кенија. Ова е шанса за многу компании да ги претстават своите компании пред инвеститорите.

XS
SM
MD
LG